(ВИДЕО) Воз излета од шините: Најмалку 13 мртви, 100 повредени во железничка несреќа во Мексико

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, а речиси 100 се повредени при излетување на воз од шини во југоисточниот регион Оахака во Мексико, соопшти мексиканската морнарица. Возот, кој се движеше помеѓу Мексиканскиот Залив и Тихиот Океан, превезуваше 241 патник и девет членови на екипажот, објави Би-Би-Си. Вкупно 98 лица се повредени, од кои 36 се хоспитализирани, соопшти морнарицата.

Главниот обвинител на Мексико потврди дека е во тек истрага. Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека петмина од повредените се во сериозна состојба. Таа додаде дека високи функционери се на пат кон местото на несреќата.

Трансокеанскиот воз сообраќа од пристаништето Салина Круз на Тихиот Океан до Коацакоалкос на Мексиканскиот Залив, на растојание од приближно 290 километри, и имаше две локомотиви и четири патнички вагони.

Трансокеанската железничка линија беше отворена пред две години за да се поттикне регионалната економија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Шпанија: Најмалку 39 загинати и 73 тешко повредени во железничка катастрофа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американската војска ќе спроведува операции против картелите во Мексико, најави Трамп

Катерина Ѓуровски

Шајнбаум му одговари на Трамп: Мексико е суверена земја

Набљудувачки американски воен авион кружи крај брегот на Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Трамп повторно се заканува: Царини поради водниот спор