Кулата „Трамп“ во Чикаго во Соединетите Американски Држави во моментов е заклучена поради дојава дека во неа влегла вооружена непозната жена, пренесува „Индепендент“. Единиците на специјалната полиција се на местото на настанот и ја затворија целата улица.
SWAT Responding After ‘Woman With Rifle’ Entered Trump Tower In Chicago: Report@AKA_RealDirty@saltinesnackhttps://t.co/6rvGZYCtvM pic.twitter.com/3KPugmJsli
— AɯƙɯαɾԃMαɱα™® (@Aspiemama_107) April 5, 2023
Дојавата за настанот во полицијата пристигна околу 11:25 часот по локално време, поради што се затворени хотелот „Трамп Интернационал“ и Кулата Трамп. Полициски извори за „The Chicago Sun Times“ изјавија дека станува збор за инцидент кој нема никаква врска со тероризам.
„Единиците на SWAT се на лице место. Веруваме дека ова е изолиран инцидент и нема закана за јавноста“, соопшти полицискиот оддел во Чикаго.