ВИДЕО: Војската го уби Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико, избувнаа немири

Од:

Немесио Осегуера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел Халиско Нова генерација (CJNG), е убиен во воена операција, објавија локалните медиуми.

Ел Менчо наводно е убиен за време на операција извршена во зори во неделата во државата Халиско, во западно-централниот дел на земјата. Прекарот „Менчо“ е деминутив или изведен од неговото име Немесио.

Мексиканското Министерство за одбрана објави дека Ел Менчо починал од повредите здобиени за време на воздушниот транспорт по завршувањето на воената операција, објавува новинската агенција Ројтерс.

Картелот CJNG го прошири своето влијание надвор од матичната држава Халиско и денес работи во речиси цело Мексико.

Во текот на неделата имаше непотврдени извештаи за палење автомобили и вооружени лица на улиците на Халиско и други делови од земјата.

Поради новонастанатата ситуација, американскиот Стејт департмент издаде предупредување до американските граѓани во државите Халиско и Тамаулипас ​​и во делови од државите Мичоакан, Гереро и Нуево Леон, советувајќи ги да останат во засолништа.

Соединетите Американски Држави претходно понудија награда од 15 милиони долари за каква било информација што ќе доведе до апсење на Ел Менчо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворица астронаути тргнаа на пат кон Месечината

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров