(ВИДЕО) Руски војник лежи сам на поле и се тресе од студ: Ништо не е подобро ниту во бункер, не уценуваат

Од:

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како руски војници се жалат дека нивните сопствени команданти ги уценуваат да продолжат да се борат, пишува Newsweek.

Русите се жалат на Путин и на Федералната служба за безбедност (ФСБ) дека се уценувани од сопствените команданти, според описот на видеото на Твитер што е прегледано повеќе од 235.000 пати.

Минатиот месец, друг руски полк во Украина упати очајнички видео апел за повеќе опрема и медицински материјали. Руските сили се подготвуваат за тешка борба оваа зима, откако претрпеа значителни воени неуспеси во 11-месечната војна.

На видеото на Твитер се гледаат руски војници како стојат во ров покриен со мраз.

– Еве ги нашите прекрасни позиции, подготвени. Според мислењето на нашата команда, тука треба да живееме, рече рускиот војник.

Тој додаде дека за време на снимањето температурата во Украина била минус 20 степени Целзиусови и дека им било понудено да живеат во мраз, а командата ги уценувала.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија