ВИДЕО: Во украински напад со дронови на Русија двајца загинати, повеќе повредени

Од:

Две лица загинаа во напад со украински беспилотни летала во регионот Тула, објавија доцна синоќа руски регионален функционер и Министерството за одбрана.

Уште две лица се хоспитализирани по нападот во регионот Тула, кој се граничи со Московскиот регион на север, изјави гувернерот Дмитриј Милјаев.

Две лица се повредени и во регионот Брјанск. Остатоците од соборениот дрон повредија жена, соопшти гувернерот Александар Богомаз.

Покрај неа, еден маж е повреден и во селото Стратива во регионот Брјанск. Тој е исто така хоспитализиран.

Руското Министерство за одбрана објави дека 27 украински беспилотни летала се уништени над Русија помеѓу 20:00 и 23:00 часот по московско време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот