(ВИДЕО) Во Шпанија падна град со големина на тениско топче, загина едногодишно девојче

Од:

Едногодишно девојче загина во Шпанија откако беше погодено од град за време на невреме, недалеку од каталонскиот град Ла Бизбал де л’Емпорда, пишува „Дејли мејл“. Таа итно била пренесена во болница, но починала неколку часа подоцна од тешка повреда на главата.

Најмалку 30 лица се повредени во невремето и повеќето од нив побарале лекарска помош. Пријавени се исекотини кај некои, а во еден случај и скршен нос.

Голем број автомобили и згради се оштетени од градот со големина на тениско топче. Градот уништи соларни панели и покривни конструкции.

Метеоролозите во Каталонија соопштија дека градот, со големина од околу 10 сантиметри, во близина на туристичкиот град Жирона, во близина на границата со Франција, е најголемиот во последните 20 години.

Невремето започна доцна синоќа и траеше околу 15 минути.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани