ВИДЕО: Во Сенатот завршна дебата за отповикување на Трамп

Од:

Американскиот Сенат до крајот на денот треба да ја заврши расправата за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Сенатот денеска ја продложи расправата за отповикување на Трамп, кој е обвинет дека ги поттикнал своите приврзаници на бунт и напад врз Конгресот на 6 јануари годинава.

Сенатот дозволи и повикување на сведоци, а потоа настана забуна за што гласале сенаторите – дали за повикување на сведоци или дали да се дозволи дебата за повикување на сведоци.

Исто така настана и недоразбирање дали треба да се сослуша лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, републиканскиот конгресмен Кевин Мекарти, кој вчера изнесе нови детали за телефонскиот разговор со Трамп.

Телефонскиот разговор, според демократите, покажува дека Трамп бил рамнодушен кон насилството во Конгресот иако бил известен за тоа.

Во меѓувреме, републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел изјави дека нема да гласа за предлогот на демократите за отповикување.

Мала е веројатноста дека демократите ќе обезбедат двотретинско мнозинство (за отповикување треба да гласаат 67 од 100 сенатори). Денеска е петти ден од дебатата за отповикување на Трамп.

Претставничкиот дом веќе изгласа отповикување, но за одлуката да биде законодавна, мора да биде изгласана во Сенатот.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски