ВИДЕО: Во Прага протести против Земан

Од:

Околу 10.000 Чеси вчера се собраа во Прага во знак на протест против чешкиот претседател Милош Земан, барајќи Сенатот, Горниот дом на чешкиот парламент, да го обвини за предавство.

Според демонстрантите, Земан со последните коментари застанал на страната на Русија во врска со наводната вмешаност на шпиони од земјата во експлозија во складиште за муниција во Чешка во 2014 година и предизвика сомневања во безбедносните и разузнавачките извештаи за инцидентот.

Тие го повикаа Сенатот да покрене обвинение за предавство против Земан, кого го нарекуваат „слуга на Кремљ“ и за кого тврдат дека претставува „безбедносен ризик“ за земјата. Тие исто така бараат Земан да поднесе оставка.

Сенатот веќе соопшти дека се разгледува обвинение против Земан.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница