ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Од:

Бавно движечкиот метеоролошки систем „Дана“, кој донесе обилни дождови на почетокот на неделава, сега почнува да слабее, но повремени врнежи се уште се очекуваат денеска и утре.

Најобилните врнежи денеска ќе бидат насочени кон југот и истокот на Шпанија.

Портокалови предупредувања за дожд се во сила северно од Валенсија – особено во регионите Тарагона и Кастелон, како и на островите Менорка и Мајорка. Покрај тоа, предупредувања беа издадени во југозападна Андалузија, околу Хуелва и Кондадо.

Во овие погодени региони во следните 12 часа може да наврнат дополнителни 100 мм дожд. Бидејќи земјата е веќе заситена, ова може да доведе до дополнителни поплави.

Дождот треба да се намали во сабота, а во недела се очекува многу посув ден низ Шпанија.

Во областа Ла Торе во градот Валенсија синоќа повторно врнеше дожд, па улиците повторно беа покриени со кал, јавува Би-би-си. Бројни багери и камиони се исто така таму додека властите се обидуваат да отстранат десетици автомобили кои беа расфрлани од поплавите.

Некои од автомобилите се веќе отстранети, но ова е многу долга работа за службите кои работат на отстранување на последиците од катастрофалните поплави. .

На помош дојдоа трактори, околу 15, а луѓето беа „вооружени“ со метли, лопати и кофи, јавува репортер на Би-Би-Си од Валенсија.

Бројот на жртвите досега е 158, но властите велат дека уште многу луѓе се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Протест во Валенсија – 100.000 луѓе бараа оставки поради поплавите

А1он