ВИДЕО: Во Киргистан воведена вонредна состојба, на сила стапува полициски час

Од:

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков денеска прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек, веста ја објави неговиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека вонредната состојба, која вклучува полициски час и силни безбедносни мерки, ќе стапи во сила од 20 часот вечерва.

Оваа мерка е предвиденa да трае до 21 октомври.

Претседателот Женбеков, исто така даде наредба војниците да бидат распоредени во Бишкек.

Во соопштението не се наведува колку војници ќе бидат распоредени, но им е наложено да користат воени возила, да постават контролни пунктови и да спречат потенцијален вооружен судир.

По објавувањето на резултатите од парламентарните избори на 4 октомври, приврзаниците на партиите кои не го поминаа цензусот организираа масовни немири во центарот на главниот град.

Според киргистанското министерство за здравство, во немирите досега се повредени околу 1.218 лица.

Претходно, Женбеков изјави дека тој е подготвен да поднесе оставка откако ќе се формира нова влада, а со цел да се стави крај на немирите што се појавија кога приврзаници на опозицијата ги окупираа владините згради.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница

А1он