Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков денеска прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек, веста ја објави неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека вонредната состојба, која вклучува полициски час и силни безбедносни мерки, ќе стапи во сила од 20 часот вечерва.
Оваа мерка е предвиденa да трае до 21 октомври.
Претседателот Женбеков, исто така даде наредба војниците да бидат распоредени во Бишкек.
Helicopters now on the way to Bishkek. Situation in #Kyrgyzstan getting more tense. State of emergency in Bishkek. Suppression of progressive forces & and support of old regime might be backed by Russia. #centralasia pic.twitter.com/iGh8ciM4iJ
— Edda Schlager (@EddaSchlager) October 9, 2020
Во соопштението не се наведува колку војници ќе бидат распоредени, но им е наложено да користат воени возила, да постават контролни пунктови и да спречат потенцијален вооружен судир.
По објавувањето на резултатите од парламентарните избори на 4 октомври, приврзаниците на партиите кои не го поминаа цензусот организираа масовни немири во центарот на главниот град.
Bishkek's Ala-Too square has gone full Maidan at the moment, 1 am local time #Kyrgyzstan pic.twitter.com/1kh5Qw7AsL
— Peter Leonard (@Peter__Leonard) October 5, 2020
Според киргистанското министерство за здравство, во немирите досега се повредени околу 1.218 лица.
Претходно, Женбеков изјави дека тој е подготвен да поднесе оставка откако ќе се формира нова влада, а со цел да се стави крај на немирите што се појавија кога приврзаници на опозицијата ги окупираа владините згради.