ВИДЕО: Во Германија паѓал град со големина на топче за голф

Од:

Германската покраина Баварија, особено Минхен и околината, синоќа ги зафатило силно невреме кое предизвикало голема штета, а повеќе лица се повредени.

Во покраината паѓал град со големина на топче за голф, а ветрот корнел дрва.

Градот искршил стакла на многу автомобили, прозорци од згради и предизвикал голема штета на фасадите на многу куќи.

Во Остајгој биле откорнати повеќе дрва, а едно дрво повредило седумгодишно дете и двајца мажи. Локалните медиуми јавија дека велосипедисти застанале под откорнат дрво барајќи засолниште, кога врз нив паднало друго дрво.

Детето се здобило со тешки повреди, додека мажите се полесно повредени.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски