На седниците во собранијата во повеќето држави може да се слушнат расправи, а често избиваат и тепачки.
Дека состојбата не е таква и во Северна Кореја, може да се види од снимката од седницата на собранието на таа држава од 9-ти април.
Покрај громогласниот аплауз, чиј што интензитет не се намалува се додека не се даде знак за тоа, интересно е да се забележи и висината на која што сите пратеници ги држат своите раце додека ракоплескаат, додека Ким Џонг Ун ги набљудува со деспотски поглед.
На снимката може да се види и Ким Кјонг Хуи (67), тетката на севрнокорејскиот лидер, која неодамна мистериозно исчезна, па се претпоставува дека е отстранета од политичката сцена и ликвидирана.
Е. Г.