Разјаснета е мистериозната смрт на Ворамет Бен Таота (16), кој има двојно државјанство на Велика Британија и Тајланд, а осомничениот за убиството е приведен. Се верува дека тинејџерот, кој бил пронајден со ужасни рани по телото и главата, починал од страшна смрт поради расправија за дрога.
Чајват Бункарин (44) доби кривична пријава за убиство откако наводно го признал делото, кажувајќи на полицијата дека го претепал со дрво при расправија за наркотици.
Осакатеното тело на младото момче е пронајдено во шумата во областа Бан Тан во неделата наутро. Тајландската полиција тогаш изјави дека верувала дека тинејџерот бил убиен со тапи удари во главата и лицето.
Локалните медиуми објавија дека неговото тело го пронашла чистачка која работела во тој момент. Подоцна полицијата ги пронашла неговите работи, вклучително и полнач за телефон, лична карта и банкарска картичка, но телефонот и готовината му недостасувале, што доведе до шпекулации дека тинејџерот бил ограбен.
Осомничениот Чајват Бункарин, за кој полицијата соопшти дека неодамна бил ослободен од затвор за сексуални злосторства, наводно признал дека го намамил Бен во шумата и го нападнал како одмазда за неуспешната зделка со дрога.
Полицијата соопшти дека Чајват тврди дека Бен и неговата девојка (16), која се уште се води како исчезната, украле пратка со метамфетамин што била наменета за него.
Полицискиот генерал-мајор и командант на провинциската полиција изјави дека „осомничениот бил лут бидејќи верувал дека Бен ја чувал дрогата за себе и за својата девојка, па ја тепал жртвата со стап додека младиот човек не се онесвестил“.