ВИДЕО: Успешно завршена операцијата за исправување на „Коста Конкордија“

Од:

Инженерскиот тим, што работеше на операцијата за исправување на потонатиот туристички брод „Коста Конкордија“, објави дека бродот е целосно исправен по 19-часовна работа во близина на италијанскиот остров Џилио.

Нешто по 4 часот по локално време на островот Џилио се слушна сирена и началникот на италијанската служба за цивилна заштита Франко Габриели изјави дека бродот е во вертикална позиција и дека операцијата е успешно завршена.

konkordija-izvlecena3

Според инженерскиот тим нема знаци на загадување на водите околу бродот како резултат на операцијата за негово исправување.

konkordija-izvlecena1

Бродот Коста Конкордија со околу 4.200 луѓе на него потона по удар во подводни карпи крај островот Џилио во јануари 2012 година при што загинаа 32 лица.

konkordija-izvlecena2

Операцијата предвидуваше бродот да биде завртен за 65 степени со помош на челични јажиња и тегови. Според првични оценки, операцијата  компанијата-сопственик Коста крочере, ја чини околу 600 милиони евра.

konkordija-izvlecena

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски