ВИДЕО: Успешен лет во вселената на ракетата на Џеф Безос со шест патници

Од:

Вселенската компанија на милијардерот Џеф Безос „Блу Ориџин“ (Blue Origin) денеска успешно го изведе третиот комерцијален лет во вселената, но првпат со шест патници.

Ракетата наречена „Њу Шепард“, според американскиот вселенски пионер Алан Шепард, денеска беше целосно исполнета кога полета од американската држава Тексас во вселената, а по летот, кој траеше десетина минути, се врати на Земјата. Леталото е именувано по Алан Шепард, кој влезе во историјата во 1961 година како втор човек во светот и првиот Американец кој патувал во вселената со еден од првите вселенски бродови.

Покрај ќерката на првиот американски астронаут, Лаура Шепард Черчил, патници беа и телевизискиот водител и поранешен професионален играч на американски фудбал Мајкл Стрехан, филантропот Дилан Тејлор, инвеститорот Еван Дик, претприемачот Лејн Бес и неговиот син Камерон Бес.

Најстарата ќерка на пионерскиот американски астронаут Алан Шепард, денеска леташе до работ на вселената со комерцијалната ракета на Џеф Безос „Блу Ориџин“, 60 години по историскиот суборбитален лет на нејзиниот покоен татко, на самиот почеток на ерата на вселенските истражувања.

Лора Шепард Черли (74) била дете кога нејзиниот татко првпат тргнал во вселената и е една од шесте лица кои полетаа во 8:45 часот по средноевропско време од локацијата за лансирање во близина на руралниот град Ван Хорн во Западен Тексас.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ