(ВИДЕО) Ураганот Берил разнесе острови на Кариби: Бездомници сме, се е уништено

Од:

Ураганот Берил кој ги погоди Карибите однесе најмалку шест животи. „Берил“ достигна јачина од четврти степен и се движи кон Јамајка откако претходно буквално разори неколку острови на Кариби.

Скоро секој објект на островот Унион, кој е дел од Сент Винсент и Гренадини, беше срамнет или сериозно оштетен по моќниот ураган.

„Островот е во ужасна состојба откако Берил помина. Речиси сите се без покрив над главата. Куќите се срамнети со земја, патиштата се блокирани, столбовите за струја се паднати по улиците“, рече Катрина Кој, која беше изненадена од обемот на уништувањето што беше пред неа.

Рибарот и водич Себастиен Саили се согласува со неа. „Се е изгубено. Во моментов немам каде да живеам“, рече тој. Тој живее на островот од 1985 година, па го преживеал и ураганот Иван во 2004 година, но вели дека Берил бил на друго ниво.

„Тоа е како торнадо да поминало низ овде. 90 проценти од островот беше збришан. Се засолнив со сопругата и ќерка ми и, да ви кажам искрено, не бев сигурен дека воопшто ќе се извлечеме“, истакна тој.

Во своето утринско обраќање, премиерот Ралф Гонсалвес го сумираше чувството на шок во оваа карипска земја. „Опасниот и разорен ураган остави зад себе огромно уништување, болка и страдање низ нашата нација“, рече тој. Тој вети дека ќе дејствува што е можно побрзо за да се справи со долгата листа на приоритети.

Берил удри на копно во понеделникот како ураган од четврта категорија, со ветрови од 240 км/ч. Илјадници луѓе се уште се без струја, а многумина се во привремени засолништа.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи