ВИДЕО: Упадот на украинските сили на територија на Русија има три цели

Од:

Украински извори тврдат за Гардијан дека илјадници војници се ангажирани во упадот во руската провинција Курск.

Украински безбедносен претставник изјави за агенцијата Франс прес дека целта на упадот е да се дестабилизира Русија и да се потиснат руските сили со лесни и брзи напади. Останува нејасно колку операцијата ќе биде одржлива бидејќи Кремљ се заканува да ја задуши со испраќање засилувања.

Русија тврди дека неколку стотици украински војници го извршиле ненадејниот напад во вторникот, но украински официјален претставник рече дека бројот е многу поголем. На прашањето дали се вклучени повеќе од 1.000 украински војници, функционерот рече: „Многу повеќе…илјадници и илјадници“.

„Ние сме во офанзива. Целта е да се протегаат позициите на непријателот, да се нанесат максимални загуби и да се дестабилизира ситуацијата во Русија“, рече претставникот.

Вчера Русија призна дека Украинците навлегле 30 километри во областа Курск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата првпат потврди дека започнале офанзива, велејќи дека Киев „ја турка војната на територијата на агресорот“.

Русија денеска евакуираше делови од друг регион до Украина, откако Киев нагло ја зголеми воената активност во близина на границата, само неколку дена по најголемиот упад на суверена руска територија од почетокот на војната во 2022 година.

Во Белгород, регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков рече дека евакуацијата започнала од областа Краснаје Јаруга поради „непријателска активност на границата“ што е „закана“. „Сигурен сум дека нашите војници ќе сторат се за да се справат со заканата што се појавува. Почнуваме да ги преселуваме луѓето што живеат во Краснаја Јаруга на побезбедни места“, рече Гладков.

Русија воведе сеопфатен безбедносен режим во регионите Курск, Брјанск и Белгород, додека рускиот сојузник Белорусија рече дека ги засилува трупите на границата откако објави дека Украина го нарушила нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала. Руските сили, кои се многу побројни и контролираат 18 отсто од територијата на Украина, напреднаа по фронтот од 1.000 километри оваа година по неуспехот на контраофанзивата на Украина во 2023 година.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна