(ВИДЕО) Уништена е важна брана кај Херсон, започна евакуацијата на граѓаните

Од:

Јужната команда на украинските сили утринава соопшти дека руските сили ја урнале браната Нова Каховка.

„Во моментов се разјаснуваат обемот на уништувањето, брзината и количината на вода, како и веројатните области на поплави“, објави командата на својата Фејсбук страница.

Руските и украинските корисници на социјалните мрежи рано утринава опширно објавија дека браната е уништена. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.

Украинскиот гувернер на Херсонската област Олександр Прокудин објави видео на Телеграм во кое вели дека како резултат на оштетувањето на браната Нова Каховка „водата ќе достигне критично ниво за 5 часа“ и дека евакуацијата е започната.

Како што информира Олександр Прокудин, локалните жители веќе почнале да се евакуираат од опасните подрачја. Тој потврди дека Русите ја демолирале Каховка и ги повика што поскоро да ги напуштат опасните места.

Масивната брана Нова Каховка, која ја блокира реката Днепар низвозводно од Херсон, каде што напредуваат украинските сили, доби витално стратешко значење во последните неколку недели. Од октомври минатата година, Русија и Украина постојано се обвинуваат меѓусебно дека планираат да ја уништат браната со експлозиви, што ќе поплави голем дел од областа низводно и веројатно ќе предизвика широко распространето уништување околу градот Херсон.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел