ВИДЕО: Уметници поставиле биста на Сноуден, властите ја отстраниле

Од:

Група уметници во парк во Бруклин во Њујорк, поставиле биста на поранешниот агент на американската Национална агенција НСА, Едвард Сноуден, но градските власти набргу ја отстраниле од местото.

snoudenBista1

Бистата чија тежина изнесува околу 40 килограми, чуварите во паркот најпрвин ја покриле со сина фолија, со цел минувачите да не ја видат, меѓутоа дел од нив сепак успеале да се фотографираат.

Инаку таа била поставена кај споменик во знак на сеќавање на 11.000 затвореници кои настрадале во заробеништво во тек на Американската војна за независност.

Неименуваните уметници навеле дека намерно го избрале тоа место, со цел Сноуден да биде дел од приказната, која зборува за создавање на државата, за слободниот живот, а не за живот под контрола на сопствената влада.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД