ВИДЕО: Украински специјалци зазедоа окупиран остров и поставија знаме

Од:

Украинските специјални сили уништија руско оружје и персонал за време на операцијата на Тендра, остров покрај брегот на окупираниот регион Херсон, објави украинската воена разузнавачка агенција (ГУР).

Тендра е всушност песочна бариера на северот од Црното Море. „Во ноќта од недела кон понеделник, извидувачките трупи слетаа на Тендра и ги уништија позициите на окупаторските сили“, објавија украинските разузнавачки службеници на Телеграм. Тие додадоа дека рускиот систем за електронско војување Зонт и радарската станица Роса биле уништени за време на операцијата.

Украинските разузнавачки службеници наведуваат дека тоа било „смело слетување“ и дека Украина не претрпе загуби за време на операцијата. Украинското знаме се вееше над островот. Објавено е и видео на кое се гледа подготовката и спроведувањето на операцијата.

„Сега сме тука, на нашата украинска земја. Украинците се враќаат и го враќаат она што е нивно“, може да се слушне гласот на оперативецот по успешното слетување на островот.

Нападот на Тендра беше извршен и во август минатата година, кога Украинците објавија дека уништиле руски оклопни возила, системи за електронско војување и утврдувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина има нова стратегија во војната со Русија

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник

Нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари, одобри ММФ

Енергетската криза во Украина го уништува производството

ВИДЕО: Силни експлозии одекнуваат во Киев, Полска ги крена авионите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Терористички напад во Лвов, има мртви и повредени