Неверојатна снимка го покажува моментот кога руски борец ја измами смртта откако беше застрелан во глава од снајперист. Руски борец од редовите на Вагнер е погоден со куршум, а стоејќи, ноншалантно им рече на колегите „Мора да сум жив“.
Додека неговите другари се кријат зад уништениот ѕид, снајперистот јасно можеше да ја види главата на човекот додека стоеше на повидок. Куршумот се рикошетира од камерата на погодениот војник, оставајќи го привремено замаен и збунет. Инцидентот се случи во воената зона во Бахмут.
Куршумот го собори и ја уништи камерата, а стрелецот да погодеше само неколку сантиметри подолу, војникот ќе умреше, пишува Дејли Мејл.
Видеото го сними дописникот на РИА Новости кој ги следи руските војници за време на маневрите.
Видеото се појави откако аналитичарите и руските официјални лица во петокот изјавија дека битката за Бахмут повторно се вжештува. Осум и пол месеци градот во источна Украина беше „сцена“ за најдолгата и најкрвавата битка во војната.