ВИДЕО: Украински гувернер го нарече Хитлер ослободител

Од:

Гувернерот на регионот Херсон во Украина, Јуриј Одарченко го предизвика гневот на јавноста кога на церемонијата по повод Денот на победата го нарече Адолф Хитлер ослободител, а советскиот лидер Јосиф Сталин – тиранин.

– Кога ја читаме историјата, гледаме дека Хитлер се залагал за ослободување на луѓето од комунистичкиот оков, од тиранијата на Сталин, изјави Одарченко, пренесува Танјуг.

Потоа, една жена истрча до него и го нарече фашист, а потоа го фрли микрофонот во правец на група ветерани од Втората светска војна.

Гувернерот потоа заминал на другата страна на бината и продолжил со говорот, а полицијата ја исфрлила жената од салата, објави ИТАР-ТАСС.

После тоа, и еден постар маж му пришол на Одарченко и го нарекол фашист, обидувајќи се да го зграпчи микрофонот. Полицијата го заштитила гувернерот, кој продолжил со говорот, додека гневната публика го исвиркувала.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски