ВИДЕО: Украински градежен тајкун поврзан со Русија цел на напад во Монако, три лица се повредени во експлозијата

Од:

Три лица, меѓу кои и едно дете, се тешко повредени во експлозија на експлозивна направа што се случила во понеделникот вечерта во станбена зграда во Монако. Осомничениот по нападот побегнал во Франција, а полицијата интензивно трага по него.

Нападот се случил околу 21 часот на влезот од станбен комплекс во близина на француската граница. Според властите, повредени се две возрасни лица и едно дете, кои веднаш биле пренесени во болници во Франција.

Властите на Монако и Франција заеднички го бараат напаѓачот, додека мотивот за нападот засега не е познат. Државниот министер на Монако, Кристоф Мирман, изјави дека осомничениот пеш ја преминал границата и бил идентификуван со помош на видеонадзор во Монако и во соседниот француски град Босолеј.

Принцот Албер II го осуди нападот, нарекувајќи го „грозоморен чин“, и истакна дека сите државни служби се ангажирани за да ја гарантираат безбедноста. Француската полиција учествува во потрагата и ја поддржува истрагата, но засега не соопштува дополнителни информации за осомничениот.

Француската телевизија BFM и украинскиот портал „Украинска правда“ објавија дека меѓу повредените е украинскиот градежен тајкун Вадим Јермолаев. Според „Украинска правда“, тој во 2023 година бил ставен на украинската листа на санкции поради наводни врски со Русија.

Би можело да ве интересира

Хакери тврдат дека во војната во Украина загинале до 450.000 лица поврзани со руската војска

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп

ВИДЕО: Дронови погодија една од најголемите руски рафинерии, избувна голем пожар

Катерина Ѓуровски

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински удар длабоко во Русија, погоден клучен нафтен објек

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски