ВИДЕО: Украински дрон погоди фабрика за дронови кај Москва

Од:

Дронови нападнале фабрика за беспилотни летала во градот Дубна, во регионот на Москва, објавија руските телеграмски канали Астра и База, цитирајќи локални жители. Нападот го потврдија градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и руското Министерство за одбрана.

На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат дронови над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот. Се слушаат и жители како коментираат на снимките: „Повторно го погоди Кронштат“.

Според информациите на официјалната веб-страница на компанијата Кронштат, таа развива „беспилотни летала и воздухопловна опрема“.

Градоначалникот Собјанин од утрото објави дури 17 пораки за нападот со дрон. Според него, руската воздушна одбрана соборила најмалку 31 беспилотно летало кои летале кон Москва.

Според неговите изјави, нема „сериозни штети или жртви“ во Москва и Зеленоград, а итните служби работат на терен за да го санираат местото каде паднале урнатините.

По нападот избувнал пожар во Зеленоград, објави Телеграмскиот канал База.

Дубна, познат како „град на науката“, се наоѓа на 121 километар северно од Москва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Анџелина Џоли во Украина, сирени за воздушен напад ја прекинаа посетата

ВИДЕО: Украина нападна рафинерија и магацини за нафта на руска територија, има една жртва

(ВИДЕО) Русија го повика украинските војници во Покровск да се предадат: Нема да преживеете

ВИДЕО: Зеленски пристигна на бојното поле кај Покровск

Вучиќ и понуди муниција на Европската унија, реакција од Москва

ВИДЕО: Голем напад длабоко во руска територија, гори рафинерија на Лукоил