Бројот на загинати во ракетниот напад во раните утрински часови на станбена зграда во Уман, Украина се искачи на 17. Жител на зградата сподели видео од тоа како проектил го погодил нејзиниот стан и дека сите биле облеани во крв.
"A missile hit our house. We're all covered in blood. Bastards, I hate you! I hate Russians!"
A resident of Uman shoots a video in the first minutes after a rocket hit her house.
The Russians are happy about this and are proud of their army pic.twitter.com/oSWWx7XleX
— Денис Казанський (@den_kazansky) April 28, 2023
“Проектил ни го погоди станот, облеани сме во крв. Овде спијат деца. Преживеавме. Се е полно со крв. Немаме прозорци, се е искинато. Мразам Руси!”, изјави жената.
Најмалку 17 лица загинаа во нападот на катната зграда во Уман, соопшти украинскиот гувернер Ихор Табурет. Меѓу нив има две 10-годишници и едно мало дете. Руското Министерство за одбрана ги коментираше своите ноќни напади во Украина. Портпаролот Игор Конашенков рече дека нападите имале за цел да ги спречат резервните единици на украинската армија да стигнат до линијата на фронтот.