(ВИДЕО) Украинците тврдат дека го погодиле „авионот за судниот ден“ на Путин

Од:

Украинските проектили со долг дострел насочени кон Русија, наводно, погодиле голем воен центар во кој се наоѓа авионот „Летечки Кремљ“ на Владимир Путин, кој му служи на рускиот лидер за „судниот ден“.


Како што претходно беше објавено на каналите Телеграм и на социјалната мрежа Х, украинските сили го нападнаа Таганрог, град со четвртина милион жители во Ростовската област, предизвикувајќи десет силни експлозии.


Првичните извештаи говореа дека Украинците цели на две можни цели: Бериев ерлајнс, кој одржува некои од најважните авиони на Путин и фабриката Красни Хидропрес, која произведува клучни ракетни компоненти и е дел од Руската тактичка ракетна корпорација.


Авионот на Путин „Иљушин Ил-80 Макдоме“, кој е планиран за употреба во нуклеарна војна, се одржува во фабриката Бериев, пишува Дејли Мејл.

Фабриката ги опремува и руските шпионски авиони А-50 за рано предупредување и контрола (AEV&C), од кои два беа соборени во војната, по цена од 260 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година доколку продолжи со реформите