(ВИДЕО) Украинците ја напаѓаат руската морнарица со беспилотни глисери, погледнете ја руската одбрана

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили се обидoa со беспилотни глисери да нападнат еден од бродовите на руската Црноморска флота, извидувачкиот брод „Иван Курс“.

„Денеска во 5.30 часот вооружените сили на Украина неуспешно се обидоа да го нападнат бродот на Црноморската флота „Иван Курс“ со помош на три глисери без екипаж. „Иван Курс“ извршува задачи за обезбедување безбедност на работата на два гасоводи во ексклузивната економска зона на Република Турција“, соопшти руското Министерство.

„Сите три непријателски бродови беа уништени со оган од стандардното оружје на рускиот брод на околу 140 километри североисточно од Босфорот. Бродот „Иван Курс“ на Црноморската флота продолжува да ги извршува своите задачи“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина оштети руски воен брод по нападот врз пристаниште на Крим

A1on