ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, Русија тврди дека користеле HIMARS

Од:

Рускиот град Белгород беше погоден од она што регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков го опиша како „најмасовен“ напад врз градот, наводно со употреба на HIMARS.

Според прелиминарните информации, нема жртви, напиша Гладков, додавајќи дека имало штета на енергетската инфраструктура и дека биле испратени служби за итни случаи за да ја проценат ситуацијата.

Гладков додаде дека помошната зграда на комуналната компанија била погодена од пожарот, и дека пожарот избувнал и во еден од дворовите во градот, додека покривите во селото Таврово биле оштетени.

Белгородската област се граничи со украинските области Суми, Харков и Луганск и редовно се користи како база за руски напади на украинска територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Украина ќе возврати на рускиот енергетски сектор ако Москва продолжи да ја таргетира енергетската мрежа на Киев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот