ВИДЕО: Украина ја нападна Москва со дронови, затворени аеродромите

Од:

Трите најголеми аеродроми во Москва рано утринава го прекинаа пристигнувањето и полетувањето на авионите, јави руската новинска агенција ТАСС.

„Воздушниот простор е затворен над Внуково, Шереметјево и Домодедово“, рече неименуваниот функционер.

„Влезните летови се суспендирани, а појдовните летови се одложени“, додаде тој.

Вчера и денеска Русија објави серија напади со украински беспилотни летала, вклучително и над Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека руската армија рано утринава соборила два борбени беспилотни летала западно од главниот град на Русија.

Беспилотните летала беа соборени над градот Красногорск и населбата Части, рече тој.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата синоќа околу 23 часот по локално време соборила два украински беспилотни летала над Црното Море, на 40 километри северозападно од Крим. Исто така, објавија два соборени беспилотни летала рано утринава во областа Брјанск што граничи со Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск