ВИДЕО: Турски градежници „утнаа“ со оштетена зграда, ја срушија на погрешна страна

Од:

Десетици набљудувачи кои биле собрани да гледаат како градежниците и експертите со експлози уриваат зграда од осум ката, тешко оштетена во ланскиот земјотрес во Измир, морале панично да бегаат откако поради погрешна проценка и изведба на уривањето, зградата паднала на погрешната страна, удирајќи во соседниот објект, кој е тешко оштетен.

Според извештаите, еден работник бил затрупан под урнатините, но тој по кусо време бил пронајден, жив и само полесно повреден.

За среќа, во инцидентот што се случил во населбата Каршијака нема повредени лица, а на соседната, четирикатна зграда, врз која паднала онаа што „мајсторите“ сакале да ја срушат, се оштетени носечките столбови и веројатно и таа ќе мора да се урива, пренесуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски