ВИДЕО: Тројца загинати во пожар во болница кај Виена

Од:

Тројца постари пациенти загинаа вчера во пожар во австриска болница во близина на Виена, соопштија локалните здравствени власти. Пожарот избувнал во одделение на третиот кат во болницата Ландесклиникум Модлинг кај Виена.

Инспекторите претпоставуваат дека причината била цигара. Помошта пристигна предоцна за да се спасат тројцата мажи во одделението, рече Матијас Хофер, портпарол на провинциската здравствена агенција (LGA), како што јави новинската агенција АПА.

Според портпаролот на полицијата, индициите укажуваат дека огнот што тлеел започнал од креветот на 75-годишен пациент за кој се знаело дека е „страстен пушач“. Техничката дефект како причина за пожарот не е утврдена, се додава.

Загинаа маж и уште двајца пациенти на одделението на возраст од 78 и 81 година. Една жена се здобила со полесни повреди. Првично се претпоставуваше дека околу 20 лица се полесно повредени. Противпожарните служби ангажирале 170 пожарникари кои по околу два часа го изгаснале пожарот.

Мораше да бидат префрлени околу 90 пациенти, а операциите во болницата беа откажани за тој ден. Ландесклиникум Модлинг има речиси 340 кревети и годишно третира околу 34.000 пациенти на амбулантска основа.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник