ВИДЕО: Тројца избодени со нож во Лондон, напаѓачот ликвидиран

Од:

Најмалку три лица се избодени со нож во напад кој се случи денеска во јужниот дел на Лондон. Полицијата засега го третира инцидентот како тероризам, а напаѓачот е ликвидиран, јавуваат странските медиуми.

„Напаѓачот е ликвидиран, а во оваа фаза можеме да кажеме дека неколку лица се избодени. Ги истражуваме околностите, а инцидентот е поврзан со тероризам“, се наведува во соопштението на полицијата.

Според непотврдени информации, напаѓачот имал некаков предмет врзан за градите.

Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа Стритхем, во јужниот дел на Лондон, која ја надгледуваат хеликоптери.

Нападот следува два месеца откако полицијата застрела џихадистички терорист кој на Лондонскиот мост избоде две лица.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година