ВИДЕО: Триумфално прво појавување на Трамп

Од:

Доналд Трамп триумфално се појави на првата вечер од Националната конвенција на републиканците, добивајќи овации од партиските подржувачи два дена откако беше повреден на десното уво во обидот за атентат.

Трамп влезе во Форумот Фисерв во центарот на Милвоки созавој преку увото додека толпата извикуваше „Борба“!

Поранешниот претседател изгледаше трогнат од дочекот додека стоеше покрај членовите на семејството и сенаторот Џеј Ди Венс, потпретседателскиот избор на Трамп, што беше објавено неколку часа пред конвенцијата.

Четиридневната конвенција беше отворена неколку часа откако Трамп обезбеди голема правна победа кога окружниот судија на Флорида го отфрли случајот во кој беше обвинет за незаконско чување доверливи документи на неговиот приватен имот. Министерството за правда најави жалба на таа одлука.

Се очекува Трамп формално да ја прифати партиската номинација в четврток, кога се очекува да одржи говор, а потоа да се соочи со демократскиот претседател Џо Бајден на изборите на 5 ноември за уште еден четиригодишен мандат во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

САД: Трамп поддржа легализација на поседување и купување марихуана за лична употреба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Харис ја зголеми предноста пред Трамп

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за неодамнешниот обид за атентат врз него

Горан Наумовски

Трамп предупредува: Влегуваме во Третата светска војна

Против Трамп е покренато ново обвинение