(ВИДЕО) Трамп од болничката соба: Следните неколку дена се клучни

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави ново видео на Твитер во кое рече дека се чувствувал лошо кога дошол во болницата Валтер Рид, но дека сега се чувствува подобро и дека следните неколку дена ќе бидат клучни за неговото закрепнување.

Трамп во видеото од неговата болничка соба рече дека се чувствува „многу подобро“ и се надева дека „брзо ќе се врати“, еден ден по контрадикторните пораки од Белата куќа за неговото здравје, откако му беше дијагностициран Ковид-19.

Во четириминутното видео објавено на Твитер, облечен во темно син костум и бела кошула, Трамп, кој изгледаше уморно, рече дека „не се чувствувал многу добро“ кога пристигнал во воената болница Валтер Рид, додавајќи дека следните денови ќе бидете клучни.

– Следните неколку дена се клучни; тоа ќе биде вистински тест, ќе видиме што ќе се случи во текот на следните неколку дена, рече Трамп, кој во видеото седи покрај тркалезна маса пред знамето на САД.

Трамп и се обрати на јавноста по нејасните проценки за неговата состојба од страна на официјални лица на неговата администрација, кои ја доведоа во прашање вистинската здравствена состојба на американскиот претседател откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирус во четвртокот навечер.

Би можело да ве интересира

Човекот кој загина во автомобил пред хотелот на Трамп бил припадник на Зелените беретки

Илон Маск го искористи Никола Тесла како пример зошто треба да се даваат визи на одредени странски работници

Трамп е против забараната на TikTok во САД

ВИДЕО: Бајден и Трамп испратија сосема спротивни честитки за Божик

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане