ВИДЕО: Трамп никој не го предупредил за најголемиот напад на Украина, Зеленски ја пофали акцијата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не бил информиран за нападот на Украина врз Русија, дознава NewsNation.

Според NewsNation, официјален претставник на администрацијата ѝ кажал на Тања Нури дека американскиот претседател не добил однапред известување за нападот со беспилотни летала, за кој украински безбедносен претставник рече дека уништил повеќе од 40 авиони длабоко во руската територија.

Украинската служба за безбедност (СБУ) потврди дека извршила голема операција со беспилотни летала на руските воени аеродроми, во која, според нивните тврдења, биле уништени или оштетени 34 отсто од стратешките бомбардери што Русија ги користела за напади врз украинските градови. Операцијата го добила кодното име „Пајажина“, а проценетата штета била дури седум милијарди долари.

„Седум милијарди долари – тоа е проценетата вредност на стратешката авијација на непријателот погодена од денешната специјална операција на СБУ „Пајажина“, објави СБУ. Нападите беа насочени кон аеродроми каде што се стационирани руски бомбардери со долг дострел. Извори на Киев пост во украинските разузнавачки кругови тврдат дека најмалку 41 авион е уништен или оштетен.

Беспилотните летала беа лансирани вчера, а цел беа пет руски аеродроми: Белаја, Џажилево, Олења, Иваново и уште неколку во регионите Мурманск, Иркутск, Рјазан и Амур.

Асошиетед прес вчера објави дека украинскиот напад бил во подготовка веќе една и пол година, а украинскиот претседател Володимир Зеленски лично ја надгледувал операцијата, изјави претставник на безбедносните сили.

„Правиме се за да ја заштитиме нашата независност, нашата држава и нашиот народ. Поставив задачи за блиска иднина“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа Х.

ЗА денеска се најавени нови разговори меѓу Русија и Украина во Иснатбул.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украински удар на 2000 километри од линијата на фронтот, погодена рафинерија во Сибир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп „да речеме, до некаде“, донел одлука за продажбата на ракетите Томахавк за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин се смее на Западот и на неговиот молк за руските напади, жестока реакција на Зеленски

ВИДЕО: Украина го нападна Сочи веднаш по говорот на Путин

ВИДЕО: Пет жртви во рускиот напад на Украина, Зеленски упаси остра критика до САД и Европа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесток руски напад на Украина, Полска повторно ги активираше борбените авиони