(ВИДЕО) Трамп: Не сум му рекол на Зеленски дека треба да го предаде целиот Донбас

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во претседателскиот авион дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас е сè уште важечки и рече дека нема да ги укине царините за Индија сè додека не престане да купува руска нафта.

„Да, сè уште е важечки“, одговори Трамп кога новинарите го прашаа дали прекинот на огнот е сè уште важечки. Покрај тоа, тој рече дека лидерите на Хамас не биле вклучени во наводното кршење на прекинот на огнот, но дека „некои бунтовници од тоа движење“ се одговорни.

„Сепак, кој и да е, ситуацијата ќе се реши на правилен начин. Ќе се реши остро, но правилно“, додаде тој.

Израел синоќа објави дека ги прекинал воздушните напади во Газа и дека е во сила прекин на огнот, по воздушните напади врз цели на Хамас, кои ги обвини за напад врз израелски војници. Тоа е прво кршење на оган од такви размери откако прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври.

Трамп повтори дека индискиот премиер Нарендра Моди му рекол дека Индија ќе престане да купува руска нафта, предупредувајќи дека Њу Делхи ќе продолжи да плаќа „многу високи“ царини ако тоа не се случи. „Разговарав со индискиот премиер Моди, кој ми рече дека нема да има такво нешто со руската нафта“, рече Трамп.

Прашан за неговите разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп негираше дека му рекол на состанокот во петокот дека Украина треба да го отстапи целиот регион Донбас на Русија.

„Нека остане како што е сега. Треба да се остави како што е сега. Можеме да преговараме подоцна“, рече тој.

Трамп верува дека Русија и Украина треба „да стојат таму каде што се сега, на првата линија“. „Останатото е многу тешко за преговарање, ако кажете: „Вие земете го ова, ние ќе го земеме она“, рече Трамп. Според некои извори, Трамп му рекол на Зеленски на состанокот во петокот да отстапи делови од територијата на Русија и одбил да ја снабди Украина со ракети „Томахавк“.

Би можело да ве интересира

Судијка му забрани на Трамп да ја распоредува Националната гарда во Портланд

ВИДЕО: Украина со дронови го нападна северот на Русија

Катерина Ѓуровски

Русите силно ја нападнаа Украина кружат фотографии од зградата во која се урна дрон

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Орбан добил ослободување од санкциите, пред Трамп ги критикуваше ЕУ и Бајден

Катерина Ѓуровски

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Трамп: Светот би бил во депресија без американските царини