(ВИДЕО) Трамп ја мрднал главата пред истрелот: Ги спаси Американците од граѓанска војна

Од:

Доналд Трамп само се загреваше, беше во првите минути од својот говор во кампањата во Батлер, а потоа одеднаш одекнаа истрели.

Трамп го фаќа увото и паѓа, публиката зад него е шокирана, се наведнуваат, настанува хаос… На видеото се гледа и како Трамп малку ја сврте главата малку пред да одекнат истрелите.

Голем број корисници на Х споделија видео со забавена снимка на која наводно се гледа како Трамп малку ја движи главата пред истрелот.

Многу корисници на мрежата рекоа дека движењето на главата последен момент буквално му помогнало „да го избегне куршумот“, придонело тој да го преживее нападот само со полесна повреда.

Објавувајќи забавени видеа од моментот кога куршум го погоди неговото десно уво, еден корисник рече дека навалувањето на главата на Трамп „ги спаси Американците од граѓанска војна“, додека друг се прашуваше дали куршумот ќе го погодеше поинаку ако републиканскиот кандидат не мрдаше со главата .

Сепак, може да се шпекулира дали Трамп навистина ја мрднал главата пред да го слушне истрелот, имајќи предвид дека светлината патува побрзо од звукот.

Инцидентот е снимен од различни агли, а видеата го преплавија интернетот потоа.

На една фотографија се гледа како куршумот лета право над рамото на Трамп, лета десно од неговата глава.

Трамп рече дека слушнал „свиркање, истрели од огнено оружје и веднаш почувствувал како куршум му поминува низ кожата“, пренесува CBS News.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски