(ВИДЕО) Трамп го напушти одморалиштето на Флорида, тој треба утре да биде изведен пред суд

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е на пат за Њујорк, каде утре ќе биде изведен пред суд под обвинение дека и платил на Сторми Даниелс за да ја прикрие аферата со ѕвезда од филмови за возрасни. Колота штотуку тргна од одморалиштето на Трамп Мар-а-Лаго во Флорида на пат кон меѓународниот аеродром Палм Бич, каде што тој ќе се качи на својот приватен авион за аеродромот ЛаГвардија во Њујорк.

Флота од црни теренци и други возила го напушти одморалиштето кратко по 12:15 часот по локално време и се упати кон аеродромот. Самиот Трамп не беше видлив зад затемнети стакла на возилата, додека неговите поддржувачи вееја знамиња и извикуваа поддршка за поранешниот американски претседател.

Трамп треба да слета кратко по 15 часот по средноевропско време и се очекува да се упати директно кон неговата резиденција Трамп Тауер на Менхетен.

Тој треба да биде изведен утре под обвинение дека се обидел да прикрие исплата од 130.000 долари на Сторми Даниелс непосредно пред претседателските избори во 2016 година.

Кога ќе им се предаде на властите, тој треба да биде третиран како и секој друг граѓанин кој се соочува со обвиненија и судски процес. Сепак, не се очекува да биде врзан со лисици, бидејќи како поранешен претседател ќе ужива во заштитата на Тајната служба, а најверојатно истиот ден ќе си оди дома.

Би можело да ве интересира

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ