Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да отворат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во центарот.
Според претседателот на Соединетите Американски Држави, саботажата се случила за време на неговото пристигнување и говор на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк оваа недела.
Преку социјалната мрежа Truth Social, тој изјави дека првата саботажа се случила кога влегол во зградата на Обединетите нации кога, токму во тој момент, се случил дефект на ескалаторот, поради што тој и неговата придружба морале да се упатат пеш кон главната сала.
Втората „саботажа“ била дефектот на уредот што го прикажува текстот на говорот на стаклото пред говорникот, поради што морал да го гледа во харијата за време на говорот, а додал дека звучниот систем за време на неговиот говор бил исклучително слаб, што му го потврдила и неговата сопруга Меланија, нагласувајќи дека не разбира ништо.
„Ова не беше случајно. Ова беше класична саботажа и Обединетите нации треба да се засрамат од себе за ова. Барам итна истрага за ова“, рече Трамп, додека Обединетите нации делумно одговорија на сите овие обвинувања. Тие нагласија дека дефектот со скалите бил случаен, додека лице од персоналот на Трамп било одговорно за уредот што го прикажувал текстот од говорот.