(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Изгоре жена која беше на одмор, пожарот избувна среде ноќ, не успеа да побегне

Од:

Хејли Луиз Пирс (54) од Велика Британија изгоре жива откако во Турција и се запали камперот во кој престојуваше со нејзиното момче.

Таа беше на одмор во турскиот пристанишен град Бодрум кога нејзиното камперско комбе се запали наводно од електрична греалка.

Британката и нејзиниот дечко Турчин сфатиле дека пожарот брзо го зафати возилото и направиле очајнички обид да избегаат, но напорите на жената да стигне до вратата на камперот и да избега беа неуспешни и таа остана заробена.

Нејзиниот партнер, кој не е именуван, некако успеа да побегне и се лекува од изгореници.

Пожарникарите брзо пристигнаа на местото на пожарот, но не успеаа навреме да го изгаснат пожарот и да ја спасат Британка чие тело денеска е пронајдено во јагленисани остатоци од камперот.

Телото е пренесено на обдукција.

Истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Тројца исчезнати во хеликоптерска несреќа во Турција, еден пожарникар пронајден жив

Пожар во Аланија, превентивно се евакуира населението

(ВИДЕО) Во Истанбул: Пожар го зафати покривот на Капали чаршија

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97