Хејли Луиз Пирс (54) од Велика Британија изгоре жива откако во Турција и се запали камперот во кој престојуваше со нејзиното момче.
Таа беше на одмор во турскиот пристанишен град Бодрум кога нејзиното камперско комбе се запали наводно од електрична греалка.
Британката и нејзиниот дечко Турчин сфатиле дека пожарот брзо го зафати возилото и направиле очајнички обид да избегаат, но напорите на жената да стигне до вратата на камперот и да избега беа неуспешни и таа остана заробена.
Нејзиниот партнер, кој не е именуван, некако успеа да побегне и се лекува од изгореници.
Пожарникарите брзо пристигнаа на местото на пожарот, но не успеаа навреме да го изгаснат пожарот и да ја спасат Британка чие тело денеска е пронајдено во јагленисани остатоци од камперот.
Телото е пренесено на обдукција.
Истрагата е во тек.