(ВИДЕО) Трагедија во Русија: Голем број мртви и ранети во експлозија на бензинска пумпа

Од:

Десет лица загинаа денеска во експлозија на бензинска пумпа во Дагестан, Русија, меѓу кои и две деца, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.


11 лица се повредени, се вели во соопштението објавено на Телеграм. Експлозијата се случила пред регионалниот главен град Махачкала. Пожарникарите го ставиле пожарот под контрола.

Осум лица се во болница, од кои едно е во тешка состојба, изјави претставник на Министерството за здравство за руските новински агенции.

Дагенерго, регионалниот енергетски оператор, рече дека експлозијата ги оштетила „енергетските капацитети“ и делумно го прекина снабдувањето со електрична енергија во околните населби.

Истражниот комитет отвори кривична истрага за утврдување на околностите на инцидентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени