Трагедија во Велика Британија, татко и ќерка загинаа, а 4 членови се повредени во несреќа од пропелер на глисер.
Британската полиција потврди дека во несреќата загинале 51-годишниот татко и 8-годишната ќерка, додека 39-годишна жена, 4-годишно момче и две девојчиња на возраст од 10 и 12 години се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Стотината туристи кои уживале на сонцето на плажата во близина на градот Падстов и вџашени гледале додека глисерот вртел во круг, а неговиот пропелер ги сечел беспомошните жртви. Сведоците раскажувале како еден маж спречил трагедијата да не биде уште поголема. Тој од друг чамец скокнал на глисерот и го ставил под контрола.