Лов на велигденски јајца се претвори во трагедија кога едногодишно момче падна во поток и подоцна почина. Детето беше извлечено во несвест од реката Мала Пара во Паралуи, северно од Аделаида, Австралија.
И покрај максималните напори на итната помош, која извршила CPR на момчето, тоа почина во Женската и детската болница.
Надзорните снимки покажуваат дека момчето и, како што се верува, неговиот постар брат, талкаат по улицата кон потокот, кој бил оддалечен 300 метри, очигледно барајќи велигденски јајца.
Набргу потоа, родителите на момчето започнале избезумена потрага по своите деца и биле толку испаничени што својот црн автомобил го превртеле во канал. Соседот Триста Колеф за 7News изјави дека била сведок на катастрофална сцена откако момчето било пронајдено.
-Излегов и ја видов брзата помош кога го реанимираа детето. Кога ја видов мајката како плаче, морав да влезам внатре. За мене беше трауматично, навистина бев потресена – рече Колеф.