(ВИДЕО) Торнадо во Франција – драматични сцени го обиколија светот

Од:

Реонот на аеродромот во градот Тур, во францускиот регион Центар-Вал де Лоар, утрово беше погоден од торнадо, оставајќи зад себе голема материјална штета

Драматичните сцени од виорот беа снимени околу 10:23 часот наутро, а видеата брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Овој екстремен временски феномен се случи поради изразена атмосферска нестабилност, за која метеоролозите претходно предупредуваа, објавува метеоролошкиот портал Стефан Лару њуз“.

Француската опсерваторија за торнада и бури, Кераунос, јасно го истакна ризикот од торнада во својата прогноза од 21 јули.

Тие предвидоа налети на ветер до 90 км/ч, како и можност за пијавици или краткотрајни торнада.

Главниот предизвикувач беше доаѓањето на ладна воздушна маса, при што вредностите на MUCAPE на клучниот индикатор за енергија за формирање бури достигнуваат до 1000 J/kg северно од реката Лоара, што создаде идеални услови за развој на суперклеточни бури.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз