Во петокот во вечерните часови на социјалните мрежи почнаа да кружат видеа од чешки ловци на бури, кои тврдеа дека торнадо го погодило југот на земјата. Поточно, торнадото наводно го погодило подрачјето кај градот Летовица.
Тоа не би било првпат торнадо да ја погоди споменатата област.
První letošní slabé tornádo se vyskytlo mezi obcemi Kunštát a Letovice. Zpočátku panovala nejistota, zda způsobené škody byly z tornáda, nebo z postupující squall line. Nutné vizuální potvrzení, že vír dosedl na zem a jednalo se o tornádo provedli lidé z CTRA @czech thunderstorm.
— Český hydrometeorologický ústav (ČHMÚ) (@CHMUCHMI) April 1, 2023
Пред 13 години, пишуваат чешките медиуми, торнадото удрило на само 9 километри понатаму.
Чешкиот хидрометеоролошки завод прво не можеше да потврди дека се работи за торнадо, но попладнево соопшти дека оваа информација е точна.