(ВИДЕО) Тинејџер ослободен од израелски затвор: „Стражарите ме тепаа, ми ја скршија раката“

Од:

Едно од палестинските деца ослободени од израелски затвор изјави за Ал Џезира дека минатата недела бил претепан од израелските чувари и дека му биле скршени раката и прстот.

Мохамед Назал, тинејџер по потекло од Џенин, додал дека не му била укажана никаква медицинска помош во затворот и покрај повредите и дека Црвениот крст само му ја преврзал раката по ослободувањето, пишува Гардијан.

„Израелците не ми дадоа ништо. Имам скршена рака, не можам да мрдам со прст“, рече тој. Неговата мајка, која стоела до него додека зборувал за Ал Џезира, рекла дека нема поим што се случува со него. Немаше повици, посети, ништо“, рече таа.

Пред да започне размената на заложници и затвореници минатата недела, Здружението на палестинските затвореници соопшти дека Израел држи 7.200 затвореници, меѓу кои 88 жени и 250 деца. Од 7 октомври, Израел уапси дополнителни 3.260 Палестинци, меѓу кои 120 жени и повеќе од 200 деца.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“