ВИДЕО: Тензично на полската граница, мигрантите сечат дрвја за да ја пробијат оградата, реагираше и Путин

Од:

Официјален Минск смета дека обвинувањата на Варшава дека белоруски војници ја минуваат границата со Полска се неосновани, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана.

Според Минск, претставници на полското Министерство за одбрана се сретнале со воените аташеа од белоруската амбасада во Варшава на 8 ноември „за да разговараат за наводните прекршувања на полската граница од страна на припадниците на белоруската служба и нивната вмешаност во миграциската криза“, руската новинска агенција ТАС.

Министерството за одбрана на Белорусија истакна дека Минск ги смета „сите обвинувања од Полска за неосновани“, наведувајќи дека верува дека „полското Министерство за национална одбрана не сака да бара конструктивно решение за проблемот и намерно се обидува да ja донесе сегашната конфликтна ситуација на политичко ниво“.

Според светските медиуми, ситуацијата на границата е тензична, а „Спутник“ пренесува дека се слушнале и истрели.

Од Варшава велат дека „внимателно ја следат ситуацијата“.

„Ја следиме ситуацијата од воздух. И ги следиме војниците кои се таму. Ги има се повеќе“, изјави портпаролката на полскиот граничен комитет Катаржина Ждановис.

Стотици мигранти денеска кампуваат во близина на белоруската граница со Полска, а Варшава го обвинува Минск дека се обидува да предизвика поголема конфронтација охрабрувајќи ги мигрантите да влезат во Европската унија. На видеата се гледа како стотици мигранти се движат кон полската граница кај селото Кузница, а некои се обидуваат да ја пробијат оградата користејќи лопати и други алатки, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот Александар Лукашенко разговараа за мигрантската криза на белоруско-полската граница и изјавија дека се загрижени поради присуството на полски војници, пренесе белоруската државна новинска агенција Белта.

„Посебно место во разговорот зазеде дискусијата за ситуацијата на белоруско-полската граница, како и за острите постапки на полската страна кон цивилите“, пишува Белта.

„Исто така, беше истакнато дека собирот на редовните полски војници на границата е особено загрижувачки. Шефовите на држави детално разговараа за вознемирувачките факти и трендови што се случуваат на белоруско-полската граница“, се наведува.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Путин го пофали Трамп, му нуди руски, но и украински минерали

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Трамп: Путин дозволи европски мировници да бидат стационирани во Украина

Зеленски објави услов за преговори со Путин: „Ова може да биде почеток на крајот на војната“