Градот Идлиб, лоциран на турската границата со северозападна Сирија во последниве неколку недели е таргет на постојано бомбардирање. Повеќе од 20 цивили досега загинаа во нападите од сириските воздушни сили и од руските сојузници.
Токму поради стравотните бомбашки напади, татко направил „игра на смеата“ за својата 4-годишна ќерка, за таа да не се плаши. Тој ја научил својата ќерка да се смее секогаш кога ќе падне бомба, како да е еден вид игра, пренесуваат странските медиуми.
Видеото од „дуото“ меѓу таткото и ќерката беше споделено од новинар на „Твитер“, кој напиша: „Колку тажен свет“.
what a sad world,
To distract 4-year old Selva, her father Abdullah has made up a game.
Each time a bomb drops in Idlib #Syria, they laugh, so she doesn’t get scared.
— Ali Mustafa (@Ali_Mustafa) February 17, 2020
По објавувањето на ова видео, социјалните мрежи зовреа од срцепарателни коментари на луѓе од целиот свет, кои сочувствуваат со таткото Абдула и ќерката Селва и им посакуваат да издржат во овој „лош свет полн со убави луѓе“.